Свет

Етингер: „Преспанскиот договор е извонреден договор“

Гинтер Етингер, член на Европската комисија задолжен за буџет, истакна дека Преспанскиот договор е успех на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).

Етингер во изјава за грчката новинска агенција „АНА-МПА“, нагласи дека Ципрас одиграл голема улога во промената на името на Македонија. Според него, тоа што Грција ги ублажи односите со Северна Македонија е важно за иднината на балканските земји.

„Ципрас направи нешто историско. Преспанскиот договор е гаранција за длабоки и мировни односи. Затоа ние во Брисел викаме браво“, додаде Етингер.

Запрашан во врска со растот на екстремно десничарските партии во Европа, Етингер рече дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој е екстремен десничар, како и лидерот на партијата Северна лига (Lega Nord), Матео Салвини, не претставуваат закана.

Етингер истакна дека Орбан е свесен оти Европа е значајна за неговата земја, и дека никогаш нема да сака да ја напушти Унијата, додека Салвини, кој е популистички политичар, нема ниту една шанса во Италија, која се соочува со економски проблеми.

The post Етингер: „Преспанскиот договор е извонреден договор“ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни