„До вчера беа приведени 140 лица за купување гласови , што е за повеќе од 50 отсто повеќе во однос на претходните избори. Поведени се 13 предистражни постапки, што е за 100 отсто повеќе во однос на претходните избори. Има повеќе обиди за манипулирање со гласањето“, изјави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев по остварувањето на своето избирачко право.
Спроведуваме и специјализирани полициски акции. Тие траат цела недела во голем број градови, ќе продолжат и по денот на изборите, нагласи тој.
Според него, во моментов нема сериозни прекршувања. „Рекциите беа отворени навреме. Сите тие вчера беа ставени под стража. Има сигнали за манипулација со гласовите. Ова се работи со недели“, рече Демерџиев.
Тој упати апел до граѓаните мирно да го остварат своето избирачко право.