Македонија

Необична интервенција во Струмица: Пожарникари со скала влегувале во стан, девојчето цврсто спиело

Необична интервенција во Струмица: Пожарникари со скала влегувале во стан, девојчето цврсто спиело

Струмичките пожарникари вечерва беа дел од необична, но драматична акција на улицата „4 Јули“ во Струмица, откако родители побарале помош бидејќи нивното малолетно девојче со часови не одговарало на телефонските повици ниту ја отворало вратата од нивниот стан на четвртиот кат.

Екипа од ТППЕ Струмица со помош на авто-скала се искачила до терасата, од каде успеале да ја отворат вратата и да влезат во домот. Наместо опасност, пожарникарите го затекнале девојчето како безбедно спие во длабок сон, несвесно за повиците и ѕвонењето.

За спасeните родители и за пожарникарите, оваа необична интервенција заврши со огромно олеснување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни