Свет

ВИДЕО: Излезе ново видео, снимен моментот кога рускиот блогер добива статуа со скриен експлозив!

ВИДЕО: Излезе ново видео, снимен моментот кога рускиот блогер добива статуа со скриен експлозив!

На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот кога на рускиот блогер Владлен Татарски му беше врачена статуа во која се крие бомба.

Само неколку минути пред експлозијата на бомбата, убивајќи го Татарски и ранувајќи 25 лица, на рускиот блогер му беше врачена статуа во кафуле во Санкт Петербург.

Не е јасно кој стои зад експлозијата, а Украина негираше вмешаност. Државниот истражен комитет на Русија објави дека отворил истрага за убиството.

Татарски загинал во експлозија во барот „Стрит фуд“ лоциран во центарот на градот, а бомбата имала сила од 200 грама ТНТ.

Телеграмски канал поврзан со руската полиција објави видео на кое се гледа дека Татарски, со микрофон во рака, зема статуа на војник со шлем.

Според извештаите, експлозијата се случила неколку минути подоцна. Повредени се 25 лица, а 19 од нив се пренесени на лекување во болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни