Македонија

-9 утрово на Попова Шапка, ова се температурите во 8 часот

-9 утрово на Попова Шапка, ова се температурите во 8 часот

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-9 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -4 Крушево, -3 Берово, -1 Крива Паланка, 0 Битола, Прилеп, Виница, Куманово, 1 Тетово, Дебар, Штип, Охрид, Претор, Струмица, 2 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 3 Дојран, 4 Демир Капија, 5 Гевгелија.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО 8 ЧАСОТ (во cm)

5 Попова Шапка, 1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и изутринава времето беше умерено до значително облачно. Намалена облачност утрово има во североисточниот дел од земјава. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе се задржи пооблачно и ќе има слаби локални врнежи, во пониските подрачја од дожд, а во повисоките од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни