Балкан

83 отсто од Грците немаат доверба во политичките институции

83 отсто од Грците немаат доверба во политичките институции

Истражувањето на јавното мислење во Грција открива длабока недоверба кон политичките институции.

Од анкетираниот примерок од нешто повеќе од 4.000 веројатни гласачи, 83,2 отсто рекле дека имаат мала или никаква доверба во политичките партии. 69 отсто од испитаниците имаат слична негативна перцепција за правосудниот систем, а 68,9 отсто не му веруваат на парламентот, покажуваат податоците од истражувањето спроведено минатиот месец. Недоверба кон независните власти изразиле 65,1 отсто од испитаниците, владата 64,3 отсто, претседателската институција 63,7 отсто и премиерот 60,6 отсто, пишува Катимерини.

Институција со најмалку доверба се медиумите, според податоците од истражувањето, при што 91,6 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат мала или немаат никаква доверба во медиумите.

„Катимерини“ прецизира дека од испитаниците било побарано да го изразат степенот на доверба во овие институции во себе, а не во нивните сегашни претставници.

И покрај негативното расположение, пет од шест испитаници (83 отсто) сметаат дека демократијата е најдобрата форма на владеење, но 69 отсто се незадоволни од начинот на кој таа функционира во Грција.

Вкупно 60,1 отсто од испитаниците својата моментална економска состојба ја оценуваат како незадоволителна, 15,2 отсто се задоволни, а 24,5 отсто ја дефинираат како ниту задоволителна ниту задоволувачка.

Вкупно 69,4 отсто од учесниците во истражувањето го поддржуваат останувањето на Грција во еврозоната, откриваат и податоците од истражувањето на кои се повикува „Катимерини“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни