Балкан

Романците го слават најскапиот Велигден во последните 30 години

Романците го слават најскапиот Велигден во последните 30 години

Оваа недела Романците ќе го дочекаат најскапиот Велигден во последните 30 години. Празникот ќе ги чини 70 отсто повеќе, проценуваат економистите. За да биде полна трпезата, Романците ќе мора да вложат сериозен финансиски напор, бидејќи сè чини повеќе – од месо, преку јајца до зелена салата.

На пазарите во Букурешт, јајцата почнуваат од 1,2 леи (0,48 центи) по парче. Цела кора чини 15 леи повеќе или 45 леи (18 лева) во споредба со април 2022 година. Килограм сирење чини 35 леи (14 лева). Цената на килограм ореви, неопходни за подготовка на велигденскиот колач, е приближно иста цена. Еден куп зелен кромид се продава за околу 2 леи (0,80 центи). Во просек потрошувачката кошничка за Велигден ќе чини 350 леи со ДДВ.

Поради надуените цени и за разлика од претходните години, многумина претпочитаат да купат само неколку килограми месо наместо половина или цело јагне. Во супермаркетите во Букурешт, 100 грама јагнешки котлети чини 6,49 леи. Еден килограм јагнешко на маркетите се продава од 40 до 50 леи. Половина јагне чини 240 леи, цело – околу 500 леи.

Единствениот празничен производ кој одржува нормална цена е козунакот. Може да се најде и за 7 леи на продажба во големите супермаркети. Во зависност од видот и брендот, неговата цена може да достигне 30 леи. Се очекува годинава за Велигден да се испечат и продаде 6.000.000 косунаци.

Во пресрет на Велигден, трговските синџири се обидуваат да привлечат повеќе клиенти не само со сезонски попусти, туку и со готови, бојадисани јајца, чоколадни зајачиња, празнични украси и комплети за подароци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни