Македонија

Страсната недела почна со снег, до четврток стабилно, а в петок невреме

Страсната недела почна со снег, до четврток стабилно, а в петок невреме

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Утре и во среда долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни