Скандалот околу увозот на јагнешко месо за Велигден и Ѓурѓовден изби поради загриженоста на бугарските овчари. Здружението на овчари во Бугарија е незадоволно од конкуренцијата на евтино јагнешко месо од Северна Македонија и се заканува со протести и блокади. Фармерите и трговците најавија дека во Бугарија ќе се продава македонско јагне, маскирано како бугарско.
На сличен начин, бугарските производители на жито го нападнаа и увозот на украинско жито.
Меѓутоа, бугарската агенција за безбедност на храна тврди дека увозот е под „екстремно зајакната“ контрола и невозможни се фалсификати на потекло, потсетувајќи дека ако месото е од животно одгледано во Бугарија, има сина печат, ако е од друго потекло е означен со црвено мастило.
Според Здружението за овчарство, досега во Бугарија влегле над 200 тони јагнешко месо од Северна Македонија по цена под 7 евра за килограм.
Поради договорот меѓу ЕУ и Северна Македонија за бесцаринска трговија, овде се увезува месо, кое е за 30 отсто поевтино од домашното производство, тврди копретседателот на Националната асоцијација за овци и кози, Симеон Караколев.
Месото не влегува директно во Бугарија, туку преку Грција како реекспорт, бидејќи Бугарија нема одобрена точка од ЕУ за увоз на месо од земји надвор од Европската унија за увоз на месо од трети земји. Според европските правила, штом стоката веќе влезе во земја на ЕУ, нема барање за темелни проверки на следната граница. „А Грците не навлегуваат во истражување“, тврди Симеон Караколев.
Според податоците на Здружението за овчарство, поради евтиниот увоз од Северна Македонија минатата година, над 20.000 бугарски јагниња останале непродадени и сега ќе се случи истото.
Јагнешкото месо во мрежата на продавници варира помеѓу 20 и 29 лева за килограм, односно 10 и 14 евра.