„Ќе го убиев да го најдев! Внуката ми беше како бонбона, убава и слатка…“, ја започнува својата приказна за „Телеграф.рс“ дедото на убиениот Н.П. (16) од Рипње.
Стојан Илиќ (38) вчера ја киднапирал, силувал и убил несреќната девојка. Тој е приведен во полиција, а утре ќе биде на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.
„Стојан постојано доаѓаше кај нас. Па, тој ни е првиот сосед. Никогаш не се мислев дека му се допаѓа мојата внука. Таа живееше со мене. Мајка и се премажи, а татко и живее на друга адреса“ – вели дедото на убиеното девојче.
Според него, тој вчера отишол во Белград на преглед.
„Не знаев ништо. Кога излегов од автобус видов хаос. Ми кажаа за трагедијата. Не знам дали ја силувал, веројатно е … Да бев таму ќе го убиев. Така и кажав на полицијата синоќа, но сега е како што е, дека Стојан ми ги избодел сопругата, ќерката и синот. Не знам што ќе правам сега“, – вели за „Телеграф.рс“.
Осомничениот Стојан е во притвор. Тој се товари за тешко убиство, силување и нанесување тешка телесна повреда. Според нашиот Кривичен законик, доколку се докаже дека е виновен, му се заканува доживотен затвор.
Стојан вчера ја киднапирал, силувал и ја убил Н.П.Ја прободел со нож во стомакот и вратот. Таа имала расекотини на рацете додека се бранела. Лицето му беше изгребано како и рацете.
Во тек е обдукцијата на девојчето.
Соседите за „Телеграф.рс“ тврдат дека „за се е виновна мајката на убиеното девојче“. Некои од нив тврдат дека мајката ги оставила децата и повторно се омажила.