Балкан

УЖАС: Маж во Србија упаднал во ноќен клуб со моторна пила

УЖАС: Маж во Србија упаднал во ноќен клуб со моторна пила

На социјалните мрежи се појави видео од маж со моторна пила во ноќен клуб. Како што јавија утринава тамошните медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб во Крагуевац.

На снимката се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него. Обезбедувањето на крајот го совлада.

Од полицијата во Крагуевац се огласија за случајот, и порачаа дека тој е осомничен за сторено кривично дело насилничко однесување.

„Уапсен е Н.З. (54) од Крагуевац поради сомнение дека на 10 април околу полноќ влегол во ресторан во тој град и со моторна пила им се заканил на членови на музички бенд“, соопшти полицијата.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Крагуевац.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни