Македонија

Груби: Јавноста нема да го види договорот со „Бектел и Енка“

Груби: Јавноста нема да го види договорот со „Бектел и Енка“

Договорот со „Бехтел и Енка е класифициран“. Ова денеска на брифинг со новинарите го истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

„Тоа е секаде каде што гради овој конзорциум. Така беше и во Србија и на Блискиот исток. Тоа не е ништо чудно“, рече Груби на брифингот со новинарите.

Компанијата исто така не дозволува да биде објавен. Единствен кој го има договорот е Јавното обвинителство.

Координаторот на проектот објасни дека без да се донесат законските решенија проектот ќе чини повеќе, а ако се донесат ќе чинат помалку.

Проектотот треба да заврши за 4 години и 7 месеци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни