Во близина на местото каде што се стационирани специјалните сили на косовската полиција, кај мостот Бистрица во Звечан, во текот на ноќта е поставена табла со предупредување – „Специјалците на Курти пукаат во Србите“.
На местото каде што завчера беше ранет Србинот Милан Јовановиќ беше поставена табла со предупредување дека во близина има контролен пункт на специјалните сили на косовската полиција.
На таблата пишува „Специјалците на Курти пукаат во Срби“, пренесува Косово онлајн.
Пунктот е формиран кон средината на декември минатата година за време на барикадите на северот на Косово.
Од воспоставувањето на контролниот пункт на оваа локација се случија неколку инциденти.