Серискиот силувач Игор Милошевиќ, кој беше уапсен бидејќи им се заканувал на новинарите на Информер за време на интервју, повторно е на слобода, јавуваат српските медиуми.
Да потсетиме, Игор Милошевиќ е на слобода од 20 септември, откако ја отслужи последната казна од 15 години. По само десет дена повторно е уапсен поради загрозување на безбедноста на новинар на Информер.
Игор Милошевиќ беше уапсен на 30 септември, а два дена подоцна беше сослушан и во таа прилика го негираше извршувањето на делото за кое се товари.
По рочиштето, Првиот основен суд во Белград, на предлог на обвинителството, на обвинетиот му одреди мерка притвор до денеска. Обвинителството најави жалба.