Балкан

ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА; Почина 15-годишен фудбалер…

ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА; Почина 15-годишен фудбалер…

Млад фудбалер на фудбалскиот клуб Самобор од Хрватска, починал во болница откако претходно паднал во безсознание на теренот во тек на натпревар.

Хрватската фудбалска федерација информираше за смртта на 15-годишниот фудбалер кој колабирал за време на мечот од втората кадетска лига меѓу екипите на Самобор и Долго Село.

„Во 60. минута од натпреварот му рекол на судијата дека не се чувствува добро, а судијата го пратил кон лекарите. Се онесвестил и престанал да дише. Лекарите успеале да го одржат во живот додека да дојде брзата помош. Натпреварот бил прекинат бидејќи играчите биле потресени“, објави Фудбалската федерација на Хрватска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни