Македонија

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да излезе од државава.

Тие за Portalb.mk потврдиле дека се суспендирани двајца царински службеници, еден ден по несреќата на автобусот „Беса транс“ во Бугарија.

Од таму велат дека едниот е отпуштен од работа, додека пак другиот е казнет со само 15 отсто од плата за шест месеци.

„За откриените неправилности, за двајца царински службеници кои биле на должност при излегување на возилото од државата, преземени се итни мерки за нивно суспендирање од работното место. За нив е поведена дисциплинска постапка. На еден од царинските службеници, кој бил на должност, му е изречена забрана за работа во Царинската управа, а на вториот царински службеник изречена му е дисциплинска мерка – парична казна од 15% од последната нето месечна плата во времетраење од 6 месеци“, потврдуваат за Portalb.mk од Царинската управа.

Имено, цариниците не го евидентирале електронски излезот на возилото со регистарски таблички „СК 0284 БА“ на превозникот „Беса транс“ од Скопје, туку само го завериле идентификацискиот список за превоз на патници.

И покрај ослободувањето, цариниците избегнаа кривично гонење, додека пак пд друга страна, компанијата „Беса транс“ како правно лице и нејзиниот сопственик Беким Хаџиу, од Обвинителството се обвинети за „фалсификување на лиценцата“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни