Македонија

Не регистрирал менувачница, но тоа не го спречило да си врши наплата и исплата на странски пари

Не регистрирал менувачница, но тоа не го спречило да си врши наплата и исплата на странски пари

СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против М.А.(53) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.

Пријавениот, без претходно да регистрира фирма (менувачница) и да обезбеди соодветна лиценца од Народната банка, вршел наплата и исплата во ефективни странски пари, односно купувал пари и чекови кои потоа ги употребувал за реоткуп (менувачко работење).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни