СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(67) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 22.02.2023, на објава на социјална мрежа Фејсбук, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.В.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 09.07.2022 на објава од портал на социјална мрежа Фејсбук, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.