Македонија

На денешен ден пред 51 година беше поставен камен-темелник на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

На денешен ден пред 51 година беше поставен камен-темелник на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

На денешен ден пред 51 година, односно на 23 април 1972 година поставен бил Камен-темелникот на Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Осветувањето се случило нешто подоцна околу 1990 година, на 12 август.

Една од најубавите цркви во Скопје е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2, а на тој простор може да се соберат речиси 6000 верници.

Осветлувањето на црквата се врши преку пет тони тешкиот полилеј што е поставен под централната купола, а на него се наредени околу 400 светилки.

Вториот полилеј, кој е во средината, виси над светиот престол во олтарот.

На 45 метри висока камбанарија, што се наоѓа во дворот, лево од главниот влез на црквата, се поставени 3 камбани. Најголемата е тешка 1000 кг, втората 500 кг, а третата 300 кг и сите се излеани во Австрија.

Фонтаната пак која се наоѓа пред црквата е подарок од Исламската верска заедница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни