Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина на 53-годишна возраст во КБЦ Бежанијска коса во Белград.
Видиќ беше основач на модниот бренд Броз, а соработуваше со Секо Алексиќ, Дара Бубамар и други познати пејачи, актери, спортисти и политичари. Дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимписките игри во Лондон, а одговорен е и за дресовите што ги носеше српската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија.
Како што пишуваaт медиумите, Видиќ синоќа во тешка состојба бил донесен во болница и веднаш бил приклучен на вентилатор. Констатирана е смрт поради кардиореспираторен застој, но се уште не е позната конечната причина за смртта.
Видиќ е роден во 1971 година во селото Млака во Хрватска, а извесно време живеел во Бања Лука. За време на војната во Босна и Херцеговина, тој се преселил да живее кај својот вујко во Белград, каде што ја изградил својата кариера.