Македонија

Фатен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Идризово

Фатен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Идризово

На 26.04.2023 околу 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни