Балкан

14 годишник пукал во училиште во Белград: Го убил чуварот, ранил повеќемина (ВИДЕО)

14 годишник пукал во училиште во Белград: Го убил чуварот, ранил повеќемина (ВИДЕО)

Ученик од седмо одделение утрово отворил оган во училиште во центарот на Белград , јавија српските медиуми. Весникот „Политика“ во своето електронско издание пренесува дека е убиен чувар на училиштето, а има и ранети.

Српската полиција соопшти дека добила пријава за пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во 8:40 часот. Осомничениот, ученик во седмо одделение , е уапсен. Момчето испукало неколку истрели од пиштол кон својот татко кон учениците и обезбедувањето на училиштето .

Полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со инцидентот , се вели во соопштението на полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни