Балкан

Девојката сведок на пукањето во Србија: Легнав и се преправав дека сум мртва

Девојката сведок на пукањето во Србија: Легнав и се преправав дека сум мртва

Нова.рс го пренесува сведочењето на девојка која била сведок на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

„Почна да пука по случаен избор. Легнав врз двајца наши соученици за да помисли дека и јас сум мртва…“, опишува таа, пренесува Нова.рс.

Наводно, вооруженото момче прво упаднало на час по историја, каде што отворило оган.

„Почна да пука по случаен избор, прво го застрела наставникот по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши пријатели, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрелите се уште се слушаа. Кога станав го видов мртвиот Драганче“, раскажа девојката Нова.

Како што објаснила девојката, ученикот кој пукал отишол на час со неа, пренесува Нова.рс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни