Балкан

Милатовиќ: Црна Гора во мислите е со Србија и нејзиниот народ

Милатовиќ: Црна Гора во мислите е со Србија и нејзиниот народ

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упати сочувство до семејствата на загинатите во престрелката во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Изразувам искрено сочувство до семејствата на деветте изгубени животи, од кои осум деца, во страшната трагедија што се случи утрово“, објави Милатовиќ на Твитер.

На повредените им посака брзо закрепнување.

Црна Гора во своите мисли е со Србија и нејзиниот народ“, рече Милатовиќ.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград утрово се случи трагедија, кога ученик од седмо одделение со пиштол уби осум ученици и еден обезбедувач, по што беше уапсен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни