Таткото на Коста К.(14), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ осомничен за убиство на девет лица, меѓу кои и еден обезбедувач, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Гашиќ изјавил дека двата пиштоли кои биле пронајдени кај момчето имале законски дозволи.
„Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година и дека сефот имал шифра. Очигледно, детето ја имало шифрата штом успеало да ги фати тие два пиштола. И три рамки полни по 15 куршуми“, изјави Гашиќ.
Тој додаде дека според неофицијални информации момчето заедно тргнало на лов, па така научило да пука.
Во секој случај против таткото ќе бидат преземени правни мерки“, заклучи Гашиќ.