Балкан

Србија покажа дека има големо срце: Граѓаните се собраа во голем број за да донираат крв за повредено девојче!

Србија покажа дека има големо срце: Граѓаните се собраа во голем број за да донираат крв за повредено девојче!

На социјалните мрежи се појави апел да се дарува крв, пред се нулта негативна крвна група, за децата ранети во престрелката во училиште утринава.

По апелот кој се прошири низ социјалните мрежи и медиумите дека е потребна 0 негативна крвна група за операција на девојчето кое беше тешко повредено за време на крвавата трагедија во основното училиште во Врачар, на повикот се јавија голем број граѓани.

По апелот, во Заводот за трансфузија на крв се појавиле голем број граѓани кои несебично дошле да помогнат.

„Денешниот настан само го забрза процесот, тоа е еден вид солидарност. Верувам дека овој мој мал чин ќе придонесе за нивно закрепнување“ – велат насобраните граѓани.

Претставникот на Центарот се огласи и побара од граѓаните дека во моментов не им требаат повеќе залихи на крв, бидејќи имаат доволно залихи на крв за денеска.

Да потсетиме, седмоодделенецот Коста К.(14) утрово во 8 часот и 30 минути во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум деца и училишен чувар и тешко повреди неколку врсници и наставник по историја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни