Се појави аудио снимка од пукањето, снимена од еден од учениците.
На аудио снимката објавена на ТВ Прва, а која ја снимил еден од учениците во училиштето во Врачар каде се случи масакрот, може да се слушне како пукал Коста.
Следуваше првиот удар, мала пауза, па вториот, а потоа како рафал Коста почна да пука без престан со минимални паузи.
Во еден момент се слушаат детски врисоци.
Потоа истрелите престануваат и почнуваат повторно неколку секунди подоцна.
Аудио снимката е вознемирувачка и го прикажува вистинскиот хорор што го доживеале децата кои случајно се нашле во училиштето за време на ова злосторство.
На едно од видеата се гледа како интервентната полициска единица го апси убиецот и го одведува. Тоа видео го снимиле и учениците, кои за време на овој хорор практично биле затворени во училиштето.
Ги спасила наставничката која ги заклучила во просторијата за физичко.