Балкан

Медиуми: Ученик донел пластичен пиштол во училиштето и го вперил кон учениците

Медиуми: Ученик донел пластичен пиштол во училиштето и го вперил кон учениците

Во Обреновац, во ОУ „Јефимија“, ученикот М.Д. (14) утрово од ранецот извадил пластичен пиштол и го вперил во правец на ученикот, пренесува Пинк.

Како што пренесува pink.rs, по едноминутно молчење, наставничката ги оставила децата на кратко во училницата за да утврди дали сите влегле во паралелката.

Пријател на ученикот кој го донел пиштолот, О.С. го зел, најверојатно за да го фрли во канта, но трет го зел и почнал да мавта низ училницата. Училишниот полицаец веднаш реагирал. Известени се класниот раководител и психологот.

Реагираше и полицијата – Одделение за малолетничка деликвенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни