Балкан

„СЕ ГУШЕШЕ, Е МОЈ СИНЕ“ – Потресно сведоштво на таткото на момчето убиено во масакрот кај Младеновец

„СЕ ГУШЕШЕ, Е МОЈ СИНЕ“ – Потресно сведоштво на таткото на момчето убиено во масакрот кај Младеновец

Вчера во Младеновац имало престрелка во која загинале дури осум лица, а 14 се ранети.

Напаѓачот првично избегал, додека пак сега веќе му е познат и идентитетот.

Екипата на Информер разговараше со таткото на момчето кое беше убиено во терористички акт во Младеновац.

– Има многу ранети, а има и мртви. Не му работи телефонот, да ми се јавеше. И додека трчав до школото, никаде не го гледам на картата каде е. Се јавувам, викам, нема никој. Тој не рече ништо, само мрдна со главата. Имав ладна вода во камионот, го ставив во камионот и дојдовме во градот и патем почувствувавме пулс, таму имаше пулс. Постојано го полевам со ладна вода за да поврати. Не вреди, после тоа не го чувствував пулсот на прстите. Три куршуми му поминале низ стомакот, се гушел. Е мој синко… – рекол таткото.

ФОТО: Прва фотографија од масовниот убиец од Србија – седи со врзани раце, го ловеле 600 полицајци

Да потсетиме, напаѓачот Урош Б.(21) прво пукал во селото Дубона, а потоа и во Мали Орашје и село Шепшин.

Во Дубона уби млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде рани неколку лица. Според мештаните, напаѓачот е познат како проблематичен, инаку од соседното село Доња Дубона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни