Екипа на 4news.mk е во Младеновац каде вчера нешто пред полноќ се случи невиден масакр.
Имено, 21-годишно момче започна да пука при што уби 8 лица.
Жител од местото каде се случи злосторот за камерата на 4news.mk раскажува дека прво помислил дека се родило дете па пукаат, за потоа да сфати дека станува збор за масовен убиец кој пукал се што му било на патот.
Тој вели дека атмосферата била ужасна.
„Се врати во возилото, а потоа слушна лелек од повредените, па се врати кон нив и почна повторно да пука, да ги докрајчи“, вели тој.