Во Вишото јавно обвинителство во Белград завршило рочиштето на таткото В.К.(48) чиј син К.К.(13) во средата во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет и рани осум лица.
Рочиштето кое беше закажано за 10 часот, траеше повеќе од три часа, а започна околу 12:30 часот, бидејќи бранителот Ирина Боровиќ доцнеше.
Таткото на малолетникот е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност.
По рочиштето ќе се знае дали обвинителството ќе му предложи на судот тој да биде притворен.
Малолетниот К.К има 13 години и според Законот за малолетници сторители на кривични дела и казненоправна заштита на малолетни лица не може да одговара. Во средата наутро со пиштолот на татко му уби осум ученици и еден чувар на тоа училиште, а рани шест ученици и еден професор по историја.