Во среда за прв пат по 8 дена, учениците ќе треба да го преминат училишниот праг на училиштето „Владислав Рибникар“, јавува специјалниот известувач на 4NEWS.mk во Белград.
Според наши информации од службите во училиштето, училницата во која беше извршел злочинот нема да се користи до крајот на учебната година.
Во средата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, седмоодделенецот К.К застрелал осум ученици и еден обезбедувач и ранил шест ученици и еден наставник
Денеска во Србија е трет ден на жалост, а граѓаните оставаат цвеќе и палат свеќи на местата на злосторството, но и на плоштадите и на други јавни места.
И граѓаните во регионот им оддаваат почит на жртвите, а денеска е Ден на жалост во Црна Гора.
Знамињата на Србија на институциите се спуштени на половина копје, а сите активности почнуваат со оддавање почит кон жртвите со едноминутно молчење.