По престрелката кај Младеновац, девет пациенти се згрижени во Ургентниот центар, а четворица од нив се извадени од апарати за дишење и се во подобра здравствена состојба.
Еден од пациентите е испратен и на домашно лекување.
Како што јави репортерот N1, двајца пациенти се уште се во тешка состојба, тоа се девојчиња на возраст од 17 и 18 години – едната има сериозни повреди на желудникот, црниот дроб и бубрезите, додека другата има сериозни повреди на главата.
Еден пациент, млад човек (26) е во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ под надзор на лекар, а во Смедеревската болница има двајца пациенти и нивната состојба е стабилна.
Еден од повредените е префрлен од „Драгиша Мишовиќ“ во Земунската болница на ортопедска операција и е во стабилна состојба.
По пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, девојчето во Тиршова се уште е во тешка состојба и има повреди на главата, а две момчиња претходно се пуштени на домашно лекување.