На социјалните мрежи се појави видео од матурант кој покажува непочитување кон македонската полиција.
Имено, тој качен на возило игра и во еден момент му покажува среден прст на полициски службеник.
Видеото е во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а полицаецот во моментот се обидува да воведе ред и да го симне момчето од возилото.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и додаваат дека идентитетот на момчето веќе е утврден и истиот ќе биде повикан на разговор во станицата во Карпош.
„Во врска со прашањето за лицето кое недолично се однесува на јавно место, идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави“, велат од МВР.