Македонија

Не напушти уште еден урбан скопски лик: Почина поетот и актер Марко Петрушевски

Не напушти уште еден урбан скопски лик: Почина поетот и актер Марко Петрушевски

Актерот и поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител и преведувач Марко Петрушевски, починал пред неколку дена во Скопје, на 47 години.

Петрушевски беше истакнат детски актер, познат по улогите во сериите на ТВ Скопје „Бушава абука“, „Втората смена“ и „До-ре-ми“…

Дипломирал на Драмскиот факултет во Скопје, а го завршил и Филолошкиот факултет, на отсекот за Општа и компаративна книжевност, каде подоцна и магистрирал.

Петрушевски во 2001 година објавил збирка поезија „Еден млад збунет човек“ и ја добил наградата за дебитантска поетска книга на Струшките вечери на поезијата.

Пишувал кратки раскази и записи, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ. Преведувал раскази од Чарлс Буковски, снимал видеа, кратки филмови и скечеви, пишувал филмска критика, а работел и како водител во радиото „Канал 103“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни