Македонија

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

МВР потврди дека насилникот е уапсен. Тој на 16 мај по претходна расправија со невенчаната сопруга во домот каде заедно живееле, најпрво ја нападнал физички, нанесувајќи и бројни повреди.

Но не сопрел тука. Откако ја претепал, ја силувал, а дури и го снимал силувањето.

Во официјалното соопштение од МВР се вели:

„Полициски службеници од Полициската станица Виница го лишија од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20 – годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни