Македонија

Одбележани 151 година од раѓањето на револуционерот Јане Сандански

Одбележани 151 година од раѓањето на револуционерот Јане Сандански

Делегација од Општина Аеродром предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, по повод 151 година од раѓањето на големиот македонски револуционер – Јане Сандански, положи цвеќе на споменикот поставен во негова чест.

„Кога говориме за неговиот живот и наследство, се потсетуваме на неговата непоколеблива посветеност на слободата и правата на нашиот народ. Тој цврсто верувал во принципите на правда за сите Македонци, залагајќи се за социјални и економски реформи кои ќе го подобрат животот на обичните луѓе. Споменот за Јане Сандански е потсетник за нашата обврска да работиме и придонесуваме кон градењето на македонската нација, да промовираме хармонија помеѓу народот и да ги поддржуваме вредностите за кои тој се борел и живеел.“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна.

Името на Сандански е синоним на храброст, пожртвуваност и постојана потрага по правда и еден од главните симболи на општина Аеродром.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни