Македонија

До недела дожд, грмотевици и температури до 29 степени

До недела дожд, грмотевици и температури до 29 степени

Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град.

Времето денес (22.05.2023 год.): Претпладsnне променливо облачно, од пладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Умеренo облачно, попладне во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 24 °C, P= 977 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни