Македонија

Петровска: Заедничката вежба „Northern Fallout“ доказ за силното партнерство меѓу Македонија и САД

Петровска: Заедничката вежба „Northern Fallout“ доказ за силното партнерство меѓу Македонија и САД

Тим од македонската Армија е дел од Националната гарда на Вермонт, каде се обучуваат за атомска, биолошка и хемиска одбрана.

За напредокот на армијата лично од Вермонт се увери и македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Македонските војници во Вермонт се обучуваат за атомска, биолошка и хемиска одбрана

Таа заедно со генералот Ѓурчиновски денеска имаа можност да ја проследат заедничката вежба на војниците од четата за Атомска, биолошка и хемиска одбрана и Националната гарда на Вермонт, наречена „Northern Fallout“, која претставува уште еден доказ за силното партнерство и соработка помеѓу вооружените сили на двете земји.

Министерката, која во моментов е во официјална посета на САД, истакна дека она што ја радува се токму впечатоците кои ги споделуваат припадниците и на македонската армија, но и на американската армија и националната гарда на Вермонт.

„Заради тоа што не само преку бројните обуки, туку и споделување на искуството меѓусебно, споделување на знаењето и она што е најважно, учеството во заедничко и различни мисии, операции но и се почесто во заеднички вежби покажува навистина дека го оправдуваме тоа што го зборуваме дека е партнерство“, вели Петровска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни