Балкан

Детали од убиството во Приштина – убиениот пронајден во неговиот автомобил

Детали од убиството во Приштина – убиениот пронајден во неговиот автомобил

Едно лице е застрелано околу 20 часот на улица Ц во Приштина.

Убиениот бил застрелан со калашников.

Телото на починатиот е пронајдено во автомобилот во кој бил убиен.

Според информациите, околу автомобилот се гледаат куршумите со кои е убиен, а полицијата и Судска медицина се на местото на настанот.

Агрон Боровци, портпарол на косовската полиција за регионот на Приштина, посочи дека е пронајден опожарен автомобил, за кој се сомневаат дека им припаѓа на лицата инволвирани во овој случај.

„Оперативно-следечките дејствија што ги презема полицијата, подалеку од местото на настанот, резултираа со пронаоѓање на автомобил зафатен од пламен, за кој постои сомневање дека е автомобилот што го користеле осомничените инволвирани во случајот“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни