Балкан

Спречена трагедија: Автобус полн со Македонци за малку ќе поминеше преку урнат мост (ВИДЕО)

Спречена трагедија: Автобус полн со Македонци за малку ќе поминеше преку урнат мост (ВИДЕО)

Само 20 минути пред надојдената река Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречила автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај тоа што сообраќајот беше во прекин од 7 ноември 2022 година, на тој мост, се обидел да го помине на другата страна!

Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, или некој ги упатил таму велејќи им дека мостот во Адрани е веќе урнат, но тоа што автобусот се појавил на и онака небезбедниот мост меѓу Мрчајевци и Слатина во моментот кога поројот ги откорнал столбовите – ќе беше огромна трагедија!

Но, благодарение на професионалноста на српските сообраќајни службеници кои вредно ја извршуваат својата работа, спасени се животи.

https://youtu.be/-ykng3albeo

Да потсетиме, мостот на Западна Морава рано утринава беше целосно уништен пред надојдената река поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина. Во општина Чачак поплавите стивнуваат, но сепак предизвикуваат големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и поплави населбата Кеј.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни