Балкан

Напукна уште еден мост во Адрани, се најавува реконструкција на оштетената инфраструктура

Напукна уште еден мост во Адрани, се најавува реконструкција на оштетената инфраструктура

Пукна уште еден мост на потокот Мусача во Адране, во индустриската зона кај Краљево, јави Радиотелевизија на Србија.

Тој надојден поток веќе однесе дел од мост, поради што е во прекин Ибарската магистрала во делот на патот што ги поврзува Краљево и Чачак.

Покрај двата моста во Адране кои беа оштетени од поплави, од поројните поплави е уништен и блискиот мост во селото Мрчајевци.

https://www.danas.rs/vesti/drustvo/srusio-se-most-u-mrcajevcima-zbog-poplava/

Како што јави РТС, надлежните најавија дека двата оштетени моста ќе бидат заменети со нови. Оној во Адране за четири месеци, а во Мрчајевци за година и пол.

Поради обилните врнежи во Србија е прогласена вонредна состојба во 56 градови и општини. Екипите на Секторот за вонредни ситуации на МУП евакуираа повеќе од 300 лица. Се уште не се знае со сигурност колкава материјална штета предизвикаа неодамнешните поплави, но медиумите јавуваат дека се оштетени голем број домаќинства, но и патната инфраструктура.

Водостојот во повеќето реки во земјава стагнира, а имајќи предвид дека врнежите престанаа, се очекува да врне во наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни