Балкан

Хрватска нема да ги користи проблемите со соседите за да им го блокира патот кон ЕУ

Хрватска нема да ги користи проблемите со соседите за да им го блокира патот кон ЕУ

Хрватска, која загуби неколку години во преговорите поради граничниот спор со Словенија и односите со Хашкиот суд, нема да ги користи проблемите со соседните земји за да им го блокира патот кон ЕУ, истакнаа денеска највисоките хрватски претставници.

„Блокадите се неправедни, создаваат лоша атмосфера. Хрватска сака билатералните прашања да ги решава интелигентно, а не на начин што претставува пречка за преговорите“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прославата на десетгодишнината од влегувањето на Хрватска во Унијата на 1 јули 2013 година.

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ вели дека во интерес на Хрватска е да го европеизира соседството, а во нејзиното опкружување да нема некој кој заговара полудемократски или недемократски модели.

„Нашето соседство не е јасно кога е посветено на евроинтеграциите и тоа е причина за загриженост. Ќе им помогнеме на сите што сакаат да тргнат кон членство во ЕУ“, изјави Јандроковиќ, пренесува Хина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни