Балкан

Во Хрватска пронајдени двајца мажи во приколка од камион, едниот е починат

Во Хрватска пронајдени двајца мажи во приколка од камион, едниот е починат

Мртво тело на маж е пронајдено денеска во камион на одморалиштето Старо Петрово Село на автопатот А3, информираат од Полициската управа Брод-Посавина.

Околу 16:50 часот во полиција било пријавено дека возачот во камион со српски регистарски таблички пронашол две лица, од кои едното не давало знаци на живот. Мажите биле во товарниот дел на камионот.

На местото на инцидентот се испратени вработени во Итната медицинска помош, кои констатирале смрт на машко лице.

Двајцата мажи се странци, а полицијата не соопштува од која земја се тие.

Полициски службеници продолжуваат со работа и вршат увид со која ќе се утврдат фактите и околностите за наведениот настан, информираат од Полициската управа Брод-Посавина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни