Балкан

Брнабиќ: Во тек е внатрешна контрола во МУП поради објавување на списокот за убиството на децата во Рибникар

Брнабиќ: Во тек е внатрешна контрола во МУП поради објавување на списокот за убиството на децата во Рибникар

Премиерката Ана Брнабиќ денеска во српскиот парламент изјави дека се утврдува одговорноста за објавувањето на списокот за убиството на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Брнабиќ, како одговор на пратеничката на Партијата на зелените левичари, Билјана Ѓорѓевиќ, рече дека е во тек внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи.

„Одговорните ќе одговараат за сработеното, да видиме што се случило и кој е одговорен и сите ќе одговараат. Никој не бега од одговорност“, изјави Брнабиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни