Воен хеликоптер се урна во реонот на селото Пакова во Шибеничко-книнската жупанија во Хрватска , јавува N1 и додава дека не се работи за хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска.
Хеликоптерот и две тела се пронајдени, а потрагата по третиот член на екипажот е во тек.
Станува збор за хеликоптер на унгарските вооружени сили кој е на обука во Хрватска, пренесува Јутарњи.
Шефот на ХГСС Јосип Брозичевиќ за Н1 потврди дека на камерите за пожар може да се забележи чад.
Брозичевиќ рече дека во хеликоптерот имало три лица, пронајдени се две тела, а потрагата по третото е во тек.
Во потрагата по соборениот хеликоптер денеска се вклучија и хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватското воздухопловство, додава N1.
Фото: Илустрација