Балкан

И денеска проблами со Ер Србија, компанијата објави важно соопштение

И денеска проблами со Ер Србија, компанијата објави важно соопштение

Компанијата „Ер Србија“ најави можни отстапувања од планираниот распоред на летови за денеска поради дефект на системот за проверка на багажот на белградскиот аеродром.

Ер Србија ги поканува патниците да пристигнат на аеродромот Никола Тесла најмалку два и пол часа пред закажаното полетување поради големата гужва.

Поради споменатиот дефект, кој се случи во утринските часови, денеска се можни значителни отстапувања од планираниот ред на летање на авиокомпаниите кои полетуваат од белградскиот аеродром Никола Тесла, вклучително и Ер Србија, се наведува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни