Балкан

За една недела на патиштата во Србија загинаа 11 лица, а 140 се повредени

За една недела на патиштата во Србија загинаа 11 лица, а 140 се повредени

Во сообраќајни несреќи во последните седум дена загинале 11 лица, а 140 се повредени, на кои најмногу влијаела несоодветната брзина и некористење појаси, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВП) на Србија.

Поради летната туристичка сезона претстојниот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќај на патиштата во Србија.

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да го започнат патувањето одморено, да прават паузи на секои два часа возење и со своето однесување и почитување на прописите да придонесат за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

„Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да помогнат во зачувувањето на безбедноста со нивното безбедно и одговорно однесување. Планирајте го своето патување, уживајте, возете одморено бидејќи само една секунда сон зад волан може да го претвори патувањето во трагедија“, изјави Дејан Стевиќ од Управата за сообраќајна полиција на МУП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни