Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа на градот Благоевград, соопшти Националниот институт за геофизика, географија и геодезија при БАН, јави БТА.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 7 часот и 46 минути по бугарско време и бил со епицентар на 86 километри од Софија. Земјотресот бил на оддалеченост од 5,3 километри североисточно од градот Симитли, област Благоевград.