Српскиот претседател Александар Вучиќ додава дека светот се променил, и дека е невозможно повторно да ја бомбардираат Србија како во 1999 година, но сепак треба да бидеме внимателни.
– Одбивме да го купиме Барјактар, затоа што и ги дадоа на Приштина. Нема да соработуваме со нив на тој начин. Неодамна пристигнаа кинески беспилотни летала CH-90. набавуваме понатаму. За пет месеци ќе ги добиеме 1.000 беспилотни летала камикази кои ги нарачавме на Блискиот исток, за да одвратиме потенцијален агресор – вели претседателот.